Министерот за национална одбрана Акар се состана со неговиот косовски колега Мехај

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на остварената средба со неговиот колега Арменд Мехај го нагласи значењето од продолжување на соработката помеѓу двете земји со нејзино зголемување во сферите на воената обука и одбранбената индустрија

1707423
Министерот за национална одбрана Акар се состана со неговиот косовски колега Мехај

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар денеска во Анкара се состана со министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на остварената средба со неговиот колега Арменд Мехај го нагласи значењето од продолжување на соработката помеѓу двете земји со нејзино зголемување во сферите на воената обука и одбранбената индустрија.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Акар во Министерството го пречека со воена церемонија неговиот косовски колега министерот за одбрана Арменд Мехај кој на негова официјална покана допатува во посета на Турција.

По средбата лице в лице помеѓу двајцата министри за одбрана, Акар и Мехај, се премина на меѓуделегациски разговори.

На разговорите беа разменети мислења во однос на билатерални и регионални одбранбени и безбендосни прашања, додека од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше изнесено задоволството од нивото до кое е дојдено во пријателските односи помеѓу двете земји, Турција и Косово.

На разговорите воедно беше нагласено значењето од продолжување на соработката помеѓу двете земји со нејзино зголемување во сферите на воената обука и одбранбената индустрија.

 



Слични вести