Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 8 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче во северниот дел на Сирија се неутрализирани 8 терористи на ПКК//ЈПГ

1707005
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 8 терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 8 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ за кои е установено дека се подготвувале за напад врз подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), турските командоси неутрализираа 8 терористи на ПКК/ЈПГ од кои четворица во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и четворица во подрачјето на операцијата Маслиново гранче, кои се подготвувале за напад.

Во врска со едниот од неутрализираните терористи во подрачјето на операцијата Маслиново гранче е установено дека бил од терористите припадници од подрачјето на планината Кандил. 

Во меѓувреме, двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК беа неутрализирани и во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак.

Во објавеното сооштение на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната медија беше истакнато следното: „Нашите Турски вооружени сили проодлжуваат да и нанесуваат удар на терористичката организација ПКК. Од страна на нашите војници Мехметчик се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на операцијата 'Шепа-Тигар' на северот на Ирак.“

Од друга страна, и во објавеното соопштение од Губернијата на Тунџели беше истакнато дека екипите на градската команда на жандармеријата во рамките на операцијата Ерен-7 Мерџан Мунзур реализираа операција против терористичката организација во руралното подрачје на населеното место Оваџик.

Притоа од страна на безбедносните сили кои реализираат активности за пребарување на теренот беа уништени 10 засолништа на терористите.

 



Слични вести