Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1706785
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното сооштение на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната медија се истакнува следното: „Нашите Турски вооружени сили проодлжуваат да и нанесуваат удар на терористичката организација ПКК. Од страна на нашите војници Мехметчик се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на операцијата 'Шепа-Тигар' на северот на Ирак.“

Од друга страна, воедно и според објавеното соопштение од Губернијата на Тунџели, екипите на градската команда на жандармеријата во рамките на операцијата Ерен-7 Мерџан Мунзур реализираа операција против терористичката организација во руралното подрачје на населеното место Оваџик.

Од страна на безбедносните сили кои реализираат активности за пребарување на теренот се уништени 10 засолништа на терористите.



Слични вести