Спасени 19 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле препуштени на смрт во морето

Екипите на турската крајбрежна стража од морето во близина на населеното место Кушадаси кај Ајдин спасија 19 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле препуштени на смрт на сред море

1706937
Спасени 19 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле препуштени на смрт во морето

Во близина на населеното место Кушадаси кај Ајдин се спасени 19 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води и биле препуштени на смрт на сред море.

Според објавеното соопштение од Командата на крајбрежната стража, по добиени информации дека на отворено море во близина на населеното место Кушадаси кај Ајдин се наоѓаат група нерегуларни мигранти качени на гумен чамец на утврденото место беше испратен чамец на крајбрежната стража.

Притоа беа спасени 19 неергуларни мигранти за кои е утврдено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води и биле препуштени на смрт на сред море.

Нерегуларните мигранти кои беа извадени на копно, по законските посапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција во Ајдин.



Слични вести