Претседателот Ердоган: Со преземените мерки до највисоките бројки на раст во светот достигнавме ние

Претседателот Ердоган рече: „Со мерките коишто ги презедовме и применувањата коишто ги ставивме во живот до највисоките бројки на раст во светот достигнавме ние. Извозот се искачи дури и над пред-епидемискиот период (на Ковид-19).“

1706961
Претседателот Ердоган: Со преземените мерки до највисоките бројки на раст во светот достигнавме ние
erdoğan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска на плоштадот Џаџабеј во градот Киршехир учествуваше на програмата „УНЕСКО 2021, Година на сеќавање на Ахи Евран-Средба со еснафите по трагите на Ахи Евран“.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде го рече следното: „Со мерките коишто ги презедовме и применувањата коишто ги ставивме во живот до највисоките бројки на раст во светот достигнавме ние. Во извозот едно по друго соборуваме рекорди. Извозот се искачи дури и над пред-епидемискиот период (на Ковид-19).“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потоа учествуваше на церемонијата на свечено отворење на новоизградената зграда на градската управа на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата) во градот Киршехир.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде го истакна следното: „2021 година по повод 850. годишнината од раѓањето на пречесниот Ахи Евран од страна на УНЕСКО е прогласена за Година на Ахи Евран. Оваа година, поради тоа што се одбележува како 700-годишнината и 750-годишнината од нивната смрт е и година на Јунус Емре и Хаџи Бекташ-и Вели. Со различни програми коишто ги реализираме од почетокот на годинате, се обидуваме да ги одбележиме нивните годишнини кои имаат големо значење, онака какошто им прилегаат. Нашите млади кои се гаранција на нашата независност посакуваме да се запознаат, да ги разберат и сфатат духовните неимари на Анадолија.“



Слични вести