Фахреттин Алтун добитник на „Награда за комуникација, на годината“

Фахреттин Алтун рече: „За удостојувањето со оваа награда ја доставувам мојата благодарност до сите мои колеги, другари со кои чекориме по истиот пат, кои се пензионирани и кои работат деноноќно, со пожртвуваност и труд“

1706725
Фахреттин Алтун добитник на „Награда за комуникација, на годината“

Шефот на одделот за комуникации при претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, поради неговата успешна работа во сферата на комуникацијата и неговите заслуги во развивањето на нова визија е награден со „Награда за комуникација, на годината“.

Алтун во врска со доделувањето на оваа награда го рече следното: „За удостојувањето со оваа награда ја доставувам мојата благодарност до сите мои колеги, другари со кои чекориме по истиот пат, кои се пензионирани и кои работат деноноќно, со пожртвуваност и труд.“

Фахреттин Алтун наградата ја прими лично од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата на програмата „Шестите Анадолски медиумски награди на Асоцијацијата на анадолските издавачи“ што се одржа синоќа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара.

Шефот на одделот за комуникации при претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, во споделената објава на својот профил преку социјалната медија и се заблагодари на Асоцијацијата на анадолските издавачи и го напиша следното: „И благодарам на Асоцијацијата на анадолските издавачи кои не удостоија со оваа награда поради нашата работа во сферата на комуникацијата. Добивањето на оваа вредна награда лично од нашиот претседател пак, претставува извор на многу голема гордост за нас. Ја доставувам мојата благодарност до сите мои колеги, другари со кои чекориме по истиот пат, кои се пензионирани и кои работат деноноќно, со пожртвуваност и труд. Заедно со сите наши другари ќе продолжиме да работиме со сета наша сила во правец на волјата и визијата на нашиот почитуван претседател.“



Слични вести