Заврши мандатот на 75-от претседател на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)

На местото на Бозкир беше избвран Абдула Шахид, министер за надворешни работи на Малдивите

1706507
Заврши мандатот на 75-от претседател на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)

Заврши мандатот на 75-от претседател на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), Волкан Бозкир. На местото на Бозкир беше избвран Абдула Шахид, министер за надворешни работи на Малдивите.

Волкан Бозкар вчера ја заврши својата должност како претседател на 75-то Генерално собрание на ОН, која го презеде на 14 септември 2020 година.

Отсега, функцијата претседател на Генералното собрание на ОН на местото на Бозкир ќе ја извршува министерот за надворешни работи на Малдивите, Абдула Шахид.

Министерство за надворешни работи на земјава објави соопштение во врска со прашањето.

Во соопштението на Министерството беше истакнато:

„Господинот Бозкир, за време на својата должност, обезбеди продолжување на работата на Генералното собрание и покрај ограничувањата што ги донесе новиот тип епидемија на коронавирус (Ковид-19), како и предводничка улога во напорите за справување со кризите како што се Палестина, Сирија и Мјанмар, кои ја повредуваат совеста на меѓународната заедница, исто така ги поддржа напорите за зајакнување на Генералното собрание, каде што сите земји членки се подеднакво застапени.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, преку социјалните мрежи исто така му честиташе на Волкан Бозкир за успешното извршување на функцијата.

Чавушоглу, во својата порака објавена на Твитер рече: „Му честитам на амбасадорот Волкан Бозкир, кој успешно ја заврши својата должност како претседател на 75-то Генерално собрание на ОН. Ви благодарам, брате Волкан, што ја претставувавте нашата земја на најдобар можен начин и за вашите напори да ги решите светските прашања!“



Слични вести