Во близина на Чешме кај Измир се спасени и фатени 101 нерегуларен мигрант

Во близина на Чешме кај Измир се спасени и фатени 101 нерегуларен мигрант за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1706017
Во близина на Чешме кај Измир се спасени и фатени 101 нерегуларен мигрант

Во морето во близина на населеното место Чешме кај градот Измир се спасени 63 нерегуларни миграти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води, а воедно се фатени и 38 нерегуларни мигранити кои качени на едрилица се обидувале да излезат надвор по незаконски патишта.

По добиени информации дека во близина на населеното место Чешме се наоѓаат група нерегуларни мигранти качени на сплавови на местото на настанот беа испратени екипи на Командата на крајбрежната стража.

Притоа беа спасени 63 нерегуларни мигранти качени на 3 сплава за кои е дознаено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Од друга страна, во близина на истото населено место Чешме беа фатени 38 нерегуларни мигранти кои со едрилица се обидувале да заминат во странство по незаконски патишта.

Спасените и фатените вкупно 101 нерегуларен мигрант по законските постапки беа испратени во Управата за миграцијата во Измир.


 



Слични вести