Претседателот Ердоган: Нашата флота со беспилотни летала (ИХА) ќе ја доведеме во број еден во светот

Ердоган: Флотата со беспилотни летала (ИХА) којашто со офанзивното наоружано беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ е издигната до повисока лига, заедно со ставањето во примена и на системот на борбениот беспилотен авион ќе биде доведена во број еден во светот

1705891
Претседателот Ердоган: Нашата флота со беспилотни летала (ИХА) ќе ја доведеме во број еден во светот
Cumhurbaşkanı Erdoğan Şişecam Polatlı Yeni Üretim Hattı Açılışı1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата на свеченото отворање на новата производствена лента на Фабриката Шишеџам (за стакло) во населеното место Полатли кај Анкара.

Претседателот Ердоган истакна дека флотата со беспилотни летала (ИХА) којашто со офанзивното наоружано беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ е издигната до повисока лига, заедно со ставањето во примена и на системот на борбениот беспилотен авион ќе биде доведена во број еден во светот.

Нагласувајќи дека Турција е дојдена во положба на земја која ја произведува сопствената ракета и сопственото беспилотно летало (ИХА), Ердоган рече: „Ја свртивме целосно наопаку нашата независност во одбранбената индустрија којашто достигнуваше до 80 отсто. Нашата флота со беспилотни летала (ИХА) којашто со офанзивното наоружано беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи“ е издигната до повисока лига, заедно со ставањето во примена и на системот на борбениот беспилотен авион ќе биде доведена во број еден во светот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека Турција веќе стана земја која во вистинско време инвестира во вистински технологии и го додаде следното: „Планираме нашето електрично возило коешто е наш сопствен дизајн да го симнеме од производствената лента на крајот на 2022 година. Имаме за цел да реализираме отскок приближувајќи се кон вештачката интелигенција со фокусирање на човекот.“ 

 



Слични вести