Министерот за национална одбрана Акар го прими началникот на Генералштабот на Азербејџан Велиев

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера во Анкара го прими началникот на Генералштабот на Азербејџан Керим Велиев

1705890
Министерот за национална одбрана Акар го прими началникот на Генералштабот на Азербејџан Велиев
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Azerbaycan Genelkurmay Başkanı Korgeneral Kerim Veliyev1.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Azerbaycan Genelkurmay Başkanı Korgeneral Kerim Veliyev2.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Azerbaycan Genelkurmay Başkanı Korgeneral Kerim Veliyev3.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера во Анкара го прими началникот на Генералштабот на Азербејџан генерал полковник Керим Велиев кој на покана на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер допатува во посета на Турција.

Приемот се одржа во зградата на Министерството за национална одбрана, а присуствуваше и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер. 

Министерот Хулуси Акар овде нагласи дека Турција ќе продолжи да стои покрај неговите азербејџански браќа со мотото „еден народ, две држави“. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар воедно му посака успех на Велиев за време на должноста началник на Генералштабот на Азербејџан на која е назначен.

Инаку, началникот на Генералштабот генерал на Азербејџан генерал полковник Керим Велиев вчера во Генералштабот се состана и со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер на чија покана допатува во посета на Турција. 



Слични вести