Едниот од неутрализираните терористи кај Ширнак е од портокаловата категорија на барани терорист

Министерството за внатрешни работ соопшти дека едниот од неутрализираните терористи на 24 август кај Ширнак е од портокаловата категорија на барани терорист

1706045
Едниот од неутрализираните терористи кај Ширнак е од портокаловата категорија на барани терорист

Како што е установено, едниот од терористите кои беа неутрализирани во изминатите денови во близина на градот Ширнак бил од списокот на барани терористи од категоријата означена со портокалова боја.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се потсетува дека во реализината операција на 24 август од страна на градската команда на жандармеријата во Ширнак во областа на планината Габар, во рамките на операцијата „Ерен-13 шехид жандармериски постар водник Уфук Бинѓол“ под координација на Реггионалната команда на жандармеријата во Ширнак, беа неутрализирани тројца терористи.

Како што се истакнува, установено е дека едниот од неутрализираните терористи е Саније Топрак позната под кондното име „Дилжин Марија Дерсим“ која делувала како одговорна за т.н. провинцијата Ботан во областа Габар и се наоѓала на списокот на барани терористи од категоријата означена со портокалова боја, по која била распишана награда до 1 милион турски лири (приближно 180 илјади долари).

Во едно друго објавено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека како резултат на активностите за убедување коишто се водат од страна на Генералната дирекција на полицијата и Генералната команда на жандармеријата, уште еден терорист кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК им се предал на безбедносните сили.

Установено е дека предаденот терорист и се приклучил на терористичката организација во 2014 година и се наоѓал на списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја. 

Во соопштението на Министерството се истакнува дека бројот на терористите кои како резултат на активностите за убедување се предадоа во 2021 година се зголеми на 145 лица.

 



Слични вести