Ердоган: На сите им ја покажавме вистината дека не може да се застане пред моќта на народната волја

Претседателот Ердоган по повод 100-годишнината од победата кај Сакарја рече: „На сите им ја покажавме вистината дека туторствата, пресметките за социјално инженерство, терористичките организации, пучевите не можат да застанат пред моќта на народната волја

1705888
Ердоган: На сите им ја покажавме вистината дека не може да се застане пред моќта на народната волја
erdogan sakarya super.jpg
erdogan sakarya 1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во населеното место Полатли кај Анкара говореше на свечената програма што се одржа по повод одбележувањето на 100-годишнината од извојуваната победа кај Сакарја од кадешто порача дека ќе се продолжи да се работи до последен здив за постигнување успех во борбата за издигнување на Турција на над нивото на современите цивилизации на 100-годишнината од формирањето на Република Турција што ќе биде одбележана во 2023 година.

Велејќи „Победата кај Сакарја е едната од пресвртните точки на нашето илјадо годишно постоење во Анадолија“, Ердоган рече: „Нашите јунаци своите имиња ги запишаа во историјата со храброста и крвта. На крајот на борбата што се водеше во текот на 22 дена и ноќи непријателот беше принуден да се повлече. Се сеќавам со милост и благодарност на сите наши јунаци на чело со Врховниот командант Гази Мустафа Кемал Ататурк. Не треба да дозволиме да се заборави под какви услови, со какви големи пожртвуваности ја извојувавме нашата Војна за независност. Турскиот народ за кој се водеа обиди да биде исфрлен од Анадолија, својата национална борба со Републиката ја доведе до еден нов почеток.“

Претседателот Ердоган нагласи дека поставените цели за 2023 година се спротивставување и бунт против глобалните сценарија исто како самата национална борба.

Тој рече: „На сите им ја покажавме вистината дека туторствата, пресметките за социјално инженерство, терористичките организации, пучевите не можат да застанат пред моќта на народната волја. Има земји кои не би можеле да го поднесат дури ниту само еден од нападите коишто ги доживеа Турција.“

„Фрливме чекори за надминување на поплаките на нашиот народ во сферите на правдата, правото, правичноста и слободите. Зацртувајќи го нашиот пат секогаш кон иднината чекориме во таа насока. Ќе работиме до последниот здив за постигнување успех во нашата борба за издигнување на Турција на над нивото на современите цивилизации на 100-годишнината од формирањето на Република Турција што ќе биде одбележана во 2023 година.“ - подвлече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање во населеното место Полатли кај Анкара на свечената програма што се одржа по повод одбележувањето на 100-годишнината од извојуваната победа кај Сакарја (23 август-13 септември 1921).

 



Слични вести