Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1705651
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната медија се истакнува следното: „Нема премин од турските војници Мехметчик за терористите на ПКК/ЈПГ. Од страна на нашите јуначки командоси се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ за кои е утврдено дека се подготвуваа за напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.“

Од друга страна, двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се неутрализирани и во рамките на операциите коишто се реализираат внатре во границите на земјата во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека од страна на безбедносните сили во рамките на операциите „Ерен-2“ со помош и на наоружано беспилотно летало (СИХА) е реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир.

Во соопштението се вели дека во операцијата се неутрализирани двајца терористи на ПКК и дека продолжуваат операциите во подрачјето.



Слични вести