Во подрачјето на Идлиб во Сирија загинаа двајца турски војници, а тројца војници се ранети

Министерството за национална одбрана соопшти дека во извршен напад во деескалационата зона во Идлиб во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а тројца војници се ранети

1705638
Во подрачјето на Идлиб во Сирија загинаа двајца турски војници, а тројца војници се ранети

Во извршен напад врз турските војници за време на нивните активности за пребарување на теренот во подрачјето за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во Идлиб во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а тројца војници се ранети.

Министерството за национална одбрана соопшти дека за време на реализирање на активностите за пребарување на теренот на 11 септември во подрачјето за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во Идлиб во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца војници.

Во соопштението се истакнува дека во нападот се ранети тројца војници кои веднаш се префрлени на лекување во болница. 

 



Слични вести