Претседателот Ердоган: И покрај сите саботажи чекор по чекор се приближуваме до нашите цели за 2023 година

Претседателот Ердоган рече: „И покрај сите саботажи на коишто сме подложени чекор по чекор се приближуваме до нашите цели за 2023 година (100-годишнината од формирањето на Република Турција) коишто му ги ветивме на нашиот народ пред 10 години“

1705639
Претседателот Ердоган: И покрај сите саботажи чекор по чекор се приближуваме до нашите цели за 2023 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 26. редовен Генерален совет на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) кадешто истакна дека Турција моментално се прифаќа како исклучителна земја во светот.

Нагласувајќи дека Турција влезе во процес на брзо опоравување во економијата, Ердоган рече: „И покрај сите саботажи на коишто сме подложени чекор по чекор се приближуваме до нашите цели за 2023 година (100-годишнината од формирањето на Република Турција) коишто му ги ветивме на нашиот народ пред 10 години.“

Ердоган нагласи дека со реализирани инвестирња во секоја сфера земјата се стекна со неопходната инфраструктура и го рече следното: „Веќе постои Турција која располага со погодна основа за реализација на своите цели во секоја сфера. Турција веќе е земја која располага со збор, тоа е неспорно.“

Велејќи дека Турција има свое место и тежина на сите значајни глобални платформи, претседателот Ердоган подвлече: „Нашата земја е во положба на земја за чие име се говори од Обединетите нации (ОН) до Г-20.

Тој истакна дека Турција е дојдена во положба на земја која самата ги произведува своите наоружани беспилотни лтала (СИХА) и својата муниција, а воедно го рече следното: „Со тоа е промената позицијата на Турција во одбранбената индустрија. И покрај саботажите на коишто сме подложени чекор по чекор се приближуваме кон нашите цели за 2023 година.“ 

„Не се гледа за можно да завршат драмите во нашиот регионот без Турција да го достигне нивото коешто го посакуваме, политички и економски. Одговорноста над нас е голема.“ - рече Ердоган и подвлече дека Турција моментално се прифаќа како исклучителна земја во светот.

„Следната недела ќе заминеме за Соединетите Американски Држави (САД). Ќе ја отвориме нашата зграда на „Турскиот дом“ која се наоѓа наспроти зградата на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН). Аллах да ни овозможи таму да вршиме услуги.“

 



Слични вести