Во подрачјето на Хаќќари се неутрализирани тројца терористи, а на северот на Сирија 6 терористи

Во операциите „Ерен-14“ во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани тројца терористи на ПКК, а во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија 6 терористи на ПКК/ЈПГ

1705618
Во подрачјето на Хаќќари се неутрализирани тројца терористи, а на северот на Сирија 6 терористи

Во рамките на реализираните операции „Ерен-14“ во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека како резултат на активностите коишто се водат од страна на Регионалната команда на жандармеријата и Националната разузнавачка служба (МИТ), специјалните жандармериски сили и командоските жандармериски единици со поддршка и на беспилотно летало на жандармеријата (Ж-СИХА) и воздушните сили реализираа операција во руралното подрачје во близина на селото Кавакли кај градот Хаќќари.

Во соопштението се вели дека во реализираната операција се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и се додава дека продолжуваат операциите во ова подрачје.

Во меѓувреме, Турските вооружени сили (ТВС) вчера неутрализираа 6 мина терористи и преку границата во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, за кои било установено дека се подготвувале за напад во подрачјето.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „Продолжуваме да го уништуваме тероризмот во своето изворно место. Со успешна интервенција на нашите јуначки турски вооружени сили се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ за кои е установено дека се спремале за напад врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија.“

 



Слични вести