Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 257 лица, регистрирани се 23.846 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 257 лица, направени се 314.793 тестирања од кои се регистрирани 23.846 нови позитивни случаи

1705566
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 257 лица, регистрирани се 23.846 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 257 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 314.793 тестирања од кои се регистрирани 23.846 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 31.322 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција заклучно со денеска 10 септември, петок во 10:00  часот по турско време, се зголеми на 100 милиони 460 илјади 057.

Во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последното деноноќие се администрирани вкупно 685 илјади 318 дози вакцини.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа вчера одржа состанок за претставниците на печатот кадешто направи проценка на најновата состојба во борбата против Ковид-19,а потоа одговараше и на прашањата на новинарите.

Министерот Коџа ја даде радосната вест дека домашната вакцина на Турција против Ковид-19 „Турковак“ е дојдена во фаза да може да аплицира за одобрување на нејзина итна употреба.

Тој рече: Нашата вакцина Турковак чие производство го започнавме во една постројка денеска се стекна со инфраструктура за сериско производство и во втора постројка. Доколку добие одобрение во месец октомври ќе преминеме на нејзино сериско производство.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа исто така истакна дека заклучно со вчера во 12:45 по турско време вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција достигна до бројката од 100 милиони.

 



Слични вести