Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ

1705203
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК/ЈПГ.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), беше утврдено дека група терористи се подготвуваат за напад врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија.

Во соопштението на Министерството се истакнува следното: „Продолжуваме да го уништуваме тероризмот во неговиот извор. Со реализирана успешна операција на нашите јуначки турски вооружени сили се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ за кои е утврдено дека  се подготвувале да извршат напад врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија.“



Слични вести