Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот

1704880
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: "Јуначките турски војници Мехметчик продолжуваат да им одговараат неколкукратно на терористите во северниот дел на Сирија. На успешен начин се неутрализирани уште четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот. Бројот на неутрализираните терористи во подрачјето денеска изнесува 17."

 



Слични вести