Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Драги

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор му рече на италијанскиот премиер Марио Драги Турција од својот НАТО сојузник Италија очекува да види одговор согласно значењето коешто го придава на билатералните односи помеѓу двете земји

1704915
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Драги

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор што беше остварен на барање на спортивната страна на својот соговорник италијанскиот премиер Марио Драги му рече дека Турција од својот НАТО сојузник Италија очекува да види одговор согласно значењето коешто го придава на билатералните односи помеѓу двете земји.

Велејќи дека верува оти ќе продолжи на силен начин принципиелната поддршка на Италија на развојот на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и на процесот за нејзино членство во Унијата, Ердоган истакна дека постои задолжителност од што поскоро и безусловно започнување на преговорите за ажурирање на Царинската унија и од целосно ажирурање и на Договорот за мигрантите/бегалците од 18 март којшто е во полза на секого.

Освен тоа, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор напомена дека со воспоставувањето на контролата во Авганистан од страна на Талибан е создадена нова состојба на теренот, поради што за доставување на хуманитарна помош на оваа земја треба да продолжи ангажманот со Талибан и дека во спротивно ќе биде зголемен уште повеќе миграцискиот притисок којшто ионака е дојден до високо ниво.

Појаснувајќи дека Турција го поддржува и одржувањето навреме на изборите во Либија, Ердоган нагласи дека Турција на барање на Либија и на основа на потпишаните билатерални договори им обезбедува обука и советување на легитимните либиски безбедносни сили.

Италијанскиот премиер Марио Драги пак, го покани претседателот Ердоган на Лидерскиот самит на земјите од групата Г-20 со која претседава неговата земја, а кој ќе се одржи во месец октомври во главниот град на Италија, Рим.

 



Слични вести