Билатерални средби на претседателот на Собранието Шентоп во Виена

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на маргините на 5-тата Светска конференција на претседатели на парламенти во Виена оствари билатерални средби со свои колеги од другите земји

1704891
Билатерални средби на претседателот на Собранието Шентоп во Виена

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во главниот град на Австрија, Виена, кадешто отпатува по повод 5-тата Светска конференција на претседатели на парламенти, на маргините на конференцијата водеше и интензивна парламентарна дипломатија.

Шентоп на конференцијата во организација на Интерпарламентарната унија со седиште во Женева во која членуваат 179 парламенти и во чии рамки се состанаа претседатели на парламенти на повеќе од 100 земји, оствари билатерални средби со претседателите на парламентите на некои земји.

Мустафа Шентоп имаше одделни средби со претседателот на Парламентарната унија на Латинска Америка Хорхе Пизаро, претседателот на Парламентарното Собрание на Медитеранот Генаро Миглиоре, првиот потпретседател на Претставничкиот совет на Ирак Хасан Карем Ал-Чабави, претседателот на Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, претседателот на Сенатот на Руанда Аугустин Ијамуремје, претседателот на Националното Собрание на Нигер Сеини Умару, претседателот на Парламентот на Киргистан Талант Мамитов и претседателот на Парламентот на Грузија Какха Кучава.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп претходно се состана и со претставниците на турската заедница во Австрија.

 



Слични вести