Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Виена се состана со претставниците на турската заедница

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во главниот град на Австрија, Виена, се состана со претставниците на турската заедница

1704508
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Виена се состана со претставниците на турската заедница

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во главниот град на Австрија, Виена, кадешто учествува на 5-тата Светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот, се состана со претставниците на турската заедница.

Шентоп во рамките на својата посета и средбите и разговорите во Амбасадата на Турција во Виена ги прими турските граѓани Реџеп Тајјип Ѓултекин и Микаил Озен кои покрај тоа што беа ранети спасија еден полициски службеник за време на терористичкиот напад што беше извршен во Виена пред една година. На средбата беше разговарано за моментите и сето она што беше доживеано за време на терористичкиот напад.

Мустафа Шентоп потоа ги прими претставниците на турската заедница, извесно време разговараше со граѓаните и потоа сликаше со нив спомен фотографија.

Потоа, Шентоп присуствуваше на свечената вечера што беше приредена во негова чест од страна на постојаниот претставник на Турција во канцеларијата на Обединетите нации во Виена амбасадорот Ахмет Мухтар Ѓун.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на својот профил преку социјалната медија го напиша следното: „Во Австрија кадешто престојуваме по повод 5-тата  Светска конференција на претседатели на парламенти, во резиденцијата на турската амбасада во Австрија ги примивме претставниците на турската заедница во Австрија.“



Слични вести