Претседателот Ердоган: Турција меѓу првите 10 земји според хидроелектричниот капацитет

Претседателот Ердоган истакна дека Турција се наоѓа меѓу првите 10 земји според хидроелектричниот капацитет

1704588
Претседателот Ердоган: Турција меѓу првите 10 земји според хидроелектричниот капацитет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со хидроелектричниот капацитет на Турција.

Ердоган истакна дека Турција се наоѓа меѓу првите 10 земји според хидроелектричниот капацитет.

Тој рече: „Во текот на нашата власт со хидроелектричните централи коишто ги изградивме, Хамдолсун (фала му на Бога) успеавме да ја доведеме Турција во многу, многу поразлична димензија во оваа сфера. Нашите инвестирања ќе продолжат без да забават и во иднина, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе ја водиме нашата земја уште понапред во енергијата. Имајте доверба во нас.“

Претседателот Ердоган информира дека Турција располага со 735 хидроелектрични централи со инсталирана моќност од 31.436 мегавати, додека делот на хидроелектричната енергија во вкупното производство на електрична енергија е 20,1 отсто.



Слични вести