Повик од Шентоп до парламентите за правна регулатива против дезинформацијата и говорот на омраза

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп учествува на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот, во Виена, Австрија

1704382
Повик од Шентоп до парламентите за правна регулатива против дезинформацијата и говорот на омраза

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во главниот град на Австрија, Виена, учествува на 5-тата Светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот, во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Австрискиот парламент, а во соработка со Обединетите нации на која учествуваат повеќе од 110 претседатели на парламенти ширум светот.

Шентоп во говорот што го одржа во врска со предлогот под наслов „Борбата против дезинформацијата и говорот на омраза во онлајн и офлајн средини, изискува посилни законски прописи“, поставен на дневен ред во рамките на интерактивните општи преговори на конференцијата, истакна дека со лажни вистини коишто се градат по пат на дезинформација се спроведуваат операции на перцепција над општествата и демократиите.

Мустафа Шентоп појасни дека дезинформацијата и говорот на омраза можат да се дефинираат како една друга епидемија на 21-от век, исто како и новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„Денеска, некои платформи на социјалните медиуми се дојдени во состојба на колевка на лажни вести, клевета, терористичка пропаганда, повик за пуч, атентат врз угледот, поставување на цел-таргетирање, говор на омраза и расизам. Во тој контекст, едниот од најголемите закани со коишто се соочуваме, е дигиталниот фашизам.“ - рече Шентоп.

Тој привлече внимание на пропагандните активности коишто се вршат на платформите за коишто станува збор од страна на ПКК која се наоѓа на списокот на терористички организации на САД и Европската унија (ЕУ) и од страна на припадниците Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) кои на 15 јули 2016 година се обидоа да извршат крвав пуч во земјата.

Нагласувајќи дека и говорот на омраза е дојден во најраспространето средство на исламофобијата (непријателството кон исламот), популизмот, расизмот и ксенофобијата (непријателството кон странците) коишто се во подем во глобални рамки, Шентоп истакна дека во последно време особено во Европа со загриженост се станува сведок на порастот на нападите насочени против мигрантите кои се принудени да мигрираат од просторите на кои се водат војни.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во својот говор го додаде следното: „Дезинформацијата и говорот на омраза за коишто се водат обиди од страна на популистичките политичари и медиумите за нивно нормализирање, можат да се дефинираат како една друга епидемија на 21-от век, исто како и новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во оваа точка, мислам дека нашите демократски држави и парламенти треба да ја развијат вакцината за уништување на оваа епидемија.“

 



Слични вести