Мустафа Шентоп: Мигрантскиот проблем е глобален проблем

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп изјави во Виена дека мигрантскиот проблем е глобален проблем

1704604
Мустафа Шентоп: Мигрантскиот проблем е глобален проблем

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Амбасадата на Турција во Виена се состана со турските и австриските новинари кадешто одговараше на поставените прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Шентоп онака како што ниту една земја не располага со можности за да ги згрижува вечно, не располага ниту Турција и го рече следното: „Тоа е глобален проблем.“

Осврнувајќи се на евентуалниот мигрантски бран од Авганистан, Мустафа Шентоп рече: „Онака како што ниту една земја не располага со можности да ги собере мигрантите од сите места на светот и да ги згрижува вечно, не располага ниту Турција. Тоа е глобален проблем. Меѓународната заедница треба да се состане со глобална перспектива и да придонесе за решавање на проблемот.“

Шентоп, направи проценка на доаѓањето на Талибан на власт во Авганистан во врска со што го истакна следното: „На изглед она што се обидуваше да се формира во Авганистан под водство на НАТО и Соединетите Американски Држави (САД) беше неуспешно. Земјите кои се обидуваат да 'однесат демократија' во голем број места во светот, кои со таа намера тргнуваат на пат, секое место кадешто отидоа го доведоа во состојба на нестабилна географија. Авганистан е првиот пример за тоа; на ист начин и Сирија, Ирак и Либија.“

Велејќи „Демографските движења се многу значајни, тоа е прашање коешто треба да се земе за сероозно“, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го додаде следното: „Мислам дека овие наши денешни денови се уште се добри денови. Светот е пред многу сериозни демографски движења. Во тој контекст доколку не развиваме проекти со коишто сите луѓе ќе можат да живеат на своите територии, во своите домови, во мир, спокојство, во минимални човечки услови, тоа поготово го велам за богатите земји, светот е пред многу значајни демографски движења особено во наредниот четвртина век.“

 



Слични вести