Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1704149
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „Нашите воздухопловни сили продолжуваат да ги срамнуваат со земја терористичките гнезда во северниот дел на Ирак. Со воздушна операција се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на операцијата Шепа-Гром.“

Во соопштението се нагласува дека ќе продолжи со одлучност борбата против тероризмот.

 



Слични вести