Претседателот на Демократска Република Конго Феликс Чисекеди во посета на Турција

Претседателот на Демократска Република Конго Феликс Чисекеди на покана на претседателот Ердоган денеска ќе допатува во официјална посета на Турција

1703583
Претседателот на Демократска Република Конго Феликс Чисекеди во посета на Турција

Претседателот на Демократска Република Конго (ДРК) Феликс Чисекеди на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе допатува во официјална посета на Турција.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, на разговорите коишто ќе бидат остварени помеѓу лидерите на двете земји, за време на оваа прва посета којашто ќе биде остварена од страна на Демократска Република Конго на Турција на ниво на претседател, ќе бидат разгледани со сите нивни страни билатералните односи и ќе се стои на чекорите коишто можат да бидат фрлени во правец на развивање на меѓусебната соработка.

Освен тоа на разговорите помеѓу претседателот Ердоган и претседателот на Демократска Република Конго (ДРК) Феликс Чисекеди кој воедно ја извршува и функцијата приврмеен претседавач со Африканската унија (АУ), ќе бидат разгледани и актуелните случувања во Африка и подготовките за Третиот партнерски самит меѓу Турција и Африка, а ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелни меѓународни прашања.



Слични вести