Ердоган: Среднорочната програма, значаен чекор на патот за изградба на голема и силна Турција

Претседателот Ердоган посака да биде аирлија за Турција и народот среднорочната програма за којашто рече дека верува оти е значаен чекор на патот за изградба на голема и силна Турција

1703793
Ердоган: Среднорочната програма, значаен чекор на патот за изградба на голема и силна Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната медија сподели објава во врска со среднорочната програма што ја содржи патната карта во економијата за наредните 3 години.

Посакувајќи да биде аирлија (за доброто) за Турција и народот среднорочната програма за којашто рече дека верува оти е значаен чекор на патот за изградба на голема и силна Турција, претседателот Ердоган им се заблагодари на сите јавни институции и организации кои имаат вложено труд во подготвувањето на програмата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата споделена објава им оддели место на следните зборови:

„Предвидуваме економијата просечно годишно да оствари раст од 5,3 отсто, вработувањето годишно просечно да се зголеми за 1 милион 170 илјади лица, извозот на крајот на 3 години да надмине 250 илјади долари, соодносот на дефицитот на тековната сметка со националниот доход на крајот на програмскиот период да опадна на ниво од 1 отсто, соодносот на буџетскиот дефицит на централната влада со националниот доход да изнесува 2,9 отсто, вон-каматната рамнотежа да се врати на суфицит (вишок) од 0,3 отсто, инфлационата стапка трајно да се намали на ново на едноцифрена бројка, нашиот национален доход оваа година ќе го зголемиме на над 800 милијарди долари, а на крајот на програмскиот период ќе го искачиме на нови од 1 трилион долари.“

 



Слични вести