Екипите на турската крајбрежна стража кај Измир и Мугла спасија 95 нерегуларни мигранти

Во близината на населеното место Фоча кај градот Измир се спасени и извадени на копно 74 нерегуларни мигранти, а во близина на Датча кај градот Мугла 21 нерегуларен мигрант

1703626
Екипите на турската крајбрежна стража кај Измир и Мугла спасија 95 нерегуларни мигранти

Во близината на населеното место Фоча кај градот Измир од морето се спасени и извадени на копно 74 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на Фоча се наоѓаат група нерегуларни мигранти беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени вкупно 74 нерегуларни мигранти качени на три спава за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Во населеното место Датча кај градот Мугла пак, се спасени 21 нерегуларен мигрант качени на сплав кои исто така од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

 



Слични вести