Турција жестоко ги осуди терористичките напади во Ирак

Министерството за надворешни работи објави соопштение во кое се истакнува дека жестоко се осудуваат терористичките напади во кај провинциите Киркук и Мосул во Ирак во кои загинаа најмалку 15 припадници на ирачките безбедносни сили

1702881
Турција жестоко ги осуди терористичките напади во Ирак

Турција жестоко ги осуди терористичките напади во Ирак. 

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за вестите за терористичките напади и судирите помеѓу иралките безбедносни сили и терористите, членови на терористичката организација ДЕАШ во населените места Решит во провинцијата Киркук и Махмур во провинцијата Мосул во Ирак, во кои загинаа најмалку 15 припадници на безбедносните сили.

Во соопштението се истакнува следното: „На ирачките безбедносни сили кои ги загубија животите во овие гнасни терористички напади им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски ирачки народ и до ирачката Влада.“

Во истото соопштение се нагласува дека жестоко се осудуваат овие предавнички терористички напади насочени против спокојството и безбедноста на Ирак и се подвлекува следното: „Уште еднаш нагласуваме дека сме во солидарност и сме спремни да ја доставиме секој вид поддршка во борбата на нашиот сосед Ирак против тероризмот.“



Слични вести