Турција го осуди воениот удар во Гвинеја

Министерството за надворешни работи соопшти дека се осудува и дочекува со загриженост обидот за воен удар во западноафриканската државаГвинеја и приведувањето на претседателот Алфа Конде

1702927
Турција го осуди воениот удар во Гвинеја

Турција го осуди воениот удар во западноафриканската држава Гвинеја и приведувањето на претседателот Алфа Конде.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Го осудуваме и го дочекуваме со длабока загриженост обидот за воен удар во Гвинеја и приведувањето на претседателот Алфа Конде.“

Во соопштението се изнесува констатацијата „Турција е против обидите за промена по незаконски методи на владите кои се дојдени на власт со избори“ и се нагласува дека се изразува силно очекување за повторно воспоставување на брз начин на уставниот поредок во пријателска и бртаска Гвинеја и за ослободување веднаш на претседателот Конде.

Во соопштението стои и следното: „Турција ќе биде покрај пријателска и братска Гвинеја во овој тежок и чувствителен период низ којшто поминува.“

Инаку, вчера наутро почнале да се слушаат путокници од претседателскиот дворец Секутуреја и од областа Калум кадешто се сместени административните згради во главниот град на Гвинеја, Конакри.  

Неколку часа потоа во социјалните медиуми почна да кружи видео со изјавите на полковник Мамади Думбуја кој се наоѓа на чело со Единиците на специјалните сили кој истакнува дека е преземена власт во земјата. Во истите часови беа споделени и снимки на кои се гледа како е приведен од страна на војниците претседателот Алфа Конде.



Слични вести