Претседателот Ердоган: Се надеваме дека турската економија оваа година ќе ја затвори со раст од околу 9 отсто

Претседателот Ердоган истакна дека се надеваат оти турската економија оваа година ќе ја затвори со раст од околу 9 отсто

1703533
Претседателот Ердоган: Се надеваме дека турската економија оваа година ќе ја затвори со раст од околу 9 отсто

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет се појави пред камерите кадешто даде значајни изјави.

Претседателот Ердоган истакна дека се надеваат оти турската економија оваа година ќе ја затвори со раст од околу 9 отсто.

Нагласувајќи дека поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) светот минатата година доживеа еден доста тежок период од економски аспект, Ердоган истакна дека во еден ваков тежок период Турција беше доста успешна против негативните влијанија на епидемијата.

Тој рече: „Во 2020 година со остварен раст од 1,8 отсто станавме една од неколкуте земји кои го постигнаа тој успех меѓу земјите на Г-20. Турската економија од глобалната криза наваму и и покрај сите доживеани тешкотии во внатрешната и надворешната конјуктура го продолжи непрекинато својот раст.

Во првиот квартал на годината ја достигнавме бројката на раст од 7,2 отсто, а во вториот квартал раст од 21,7 отсто. Турција со овие бројки по Велика Британија се најде на второто место во светот.“

Велејќи дека извозот којшто продолжува да соборува рекорди во месец август надмина 207 милијарди долари, Ердоган рече дека на одреден начин се зголемени и меѓународните резерви.

Тој нагласи дека предвидуваат оти извозот на крајот на 2021 година ќе надмине 211 милијарди долари и својот говор го продолжи со зборовите „Ќе ја прошириме нашата стратегија за зајакнување на нашиот извоз кон земјите кои се географски далеку за Турција, но со кои постои потенцијал за висок извоз. Преку центрите за логистичка поддршка во странство ќе го забрзаме учеството на извозниците во потенцијалните пазари.“

Појаснувајќи дека „Растот е основниот услов за да ги постигне Турција своите цели“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Се надеваме оваа година да ја затвориме со раст од околу 9 отсто. Предвидуваме економијата да оствари годишен раст од 5,3 отсто.“

 



Слични вести