Претседателот Ердоган: Решени сме да го продолжиме образованието со физичко присуство, лице в лице

Претседателот Ердоган рече: „Решени сме да го продолжиме образованието со физичко присуство, лице в лице“

1703262
Претседателот Ердоган: Решени сме да го продолжиме образованието со физичко присуство, лице в лице

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на програмата на свеченото започнување на новата учебна година 2021-2022 во Стручната техничка анадолска гимназија во Стултанахмет во Истанбул.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде рече: „И покрај тешкотиите предизвикани од епидемијата на новиот тип коронавирус станавме една од неколкуте држави кои не го ограничија образованието на териториите на земјата. Учебната година 2021-2022 година посакувам да биде аирлија за нашите ученици, учители (наставници), на нашите просветни работници и на нашата земја.“

Привлекувајќи внимание на значењето на вакцинирањето за да би можела да продолжи образованието со физичко присуство лице в лице, Ердоган рече: „Вкупните администрирани дози во вакцинирањето се приближуваат кон границата од 100 милиони. Со формираната дигитална инфраструктура во Министерството за национално образование ги следиме и ќе ги следиме одблизу процесиоте и текот на болеста во нашите училишта. Решени сме да го продолжиме образованието со физичко присуство, лице в лице “

Упатувајќи воедно и повик за вакцинирање, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го истакна следното: „Ги повикувам да се вакцинираат сите наши граѓани на кои им е дојден редот, а пред се нашите просветни работници и родителите. Кога ќе се земе во предвид тоа дека голем број земји се сочуваат со сериозни проблеми во масовната вакцинација оваа табела е значаен успех во име на нашата земја. Спречувањето на ширењето на епидемијата е поврзано со почитувањето на превентивните мерки од страна на сите нас, а пред се нашите ученици, учители (наставници) и нашите родители.“



Слични вести