Во експлозија во Африн во северозападниот дел на Сирија загинаа тројца цивили, а 6 мина се ранети

Во маалото Ешрефије во центарот на градчето Африн во северозападниот дел на Сирија експлодира паркирано возило при што според првични информации загинаа тројца цивили, а 6 мина се ранети од кои 3 деца

1702880
Во експлозија во Африн во северозападниот дел на Сирија загинаа тројца цивили, а 6 мина се ранети

При експлозија на паркирано возило во маалото Ешрефије во центарот на градчето Африн во северозападниот дел на Сирија според првични информации загинаа тројца цивили.

Во објавеното соопштение од Губернијата на Хатај се истакнува дека во маалото Ешрефије во Африн експлодира паркирано возило.

Во експлозијата, според првични добиени информации загинаа тројца цивили, а 6 мина цивили се ранети од кои 3 деца.

Ранетите се префрлени на лекување во околните болници.

Од страна на полициските сили под координација на Губернијата на Хатај е воспоставена непоходната координација со судските органи и е започната истрага во врска со случајот.



Слични вести