Претседателот Ердоган им честита на турските одбојкарки за освоениот бронзен медал на ЕП 2021

Претседателот Ердоган и честита на турската женска одбојкарска репрезантација за освоеното трето место и бронзениот медал на Европското првенство во одбојка за жени ЦЕВ 2021

1702690
Претседателот Ердоган им честита на турските одбојкарки за освоениот бронзен медал на ЕП 2021

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на турската женска одбојкарска репрезентација која го освои третото место и се закити со бронзен медал на Европското првенство ЦЕВ 2021.

Ердоган разговараше телефонски со претседателот на Турската одбојкарска федерација (ТВФ) Мехмет Акиф Устиндаг и со капетанката Еда Ердем Дундар на кои им честита за постигнатиот успех на турската женска одбојкарска репрезентација со извојуваната победа над Холандија со 3:0 во сетови на одиграниот натпревар за третото место во главниот град на Србија, Белград, со што го освои бронзениот медал на Европското првенство во одбојка за жени ЦЕВ 2021.

Претседателот Ердоган во остварениот разговор со Еда Ердем Дундар истакна дека освојувањето и на третото место и бронзениот медал претставува постигнат значаен успех и го рече следното: „Ви честитам. Перформансот што го покажавте служи секакво ценење. Ги очекуваме вашите уште поголеми успеси.“

Претседателот на Турската одбојкарска федерација (ТВФ) Мехмет Акиф Устиндаг исто така му се заблагодари на претседателот Ердоган за дадената поддршка и рече: „Секогаш не побаравте, разговаравте со нас, ни помогнавте. Многу ви благодариме.“



Слични вести