Претседателот Ердоган: Во последните 19 години и придадовме на нашата земја голем број значајни дела

Претседателот Ердоган рече: „Колку и да се обидуваме да резимираме сето тоа, во последните 19 години и придадовме на нашата земја дела и услуги коишто не би можеле да ги наброиме и раскажеме со часови и со денови“

1702513
Претседателот Ердоган: Во последните 19 години и придадовме на нашата земја голем број значајни дела

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на свеченото отворање на тунелот „Саларха“ и други инфраструктурни проекти во градот Ризе и во говорот што го одржа овде истакна дека непрестано се во услуга на Турција.

Тој рече: „Колку и да се обидуваме да го резимираме сето тоа, во последните 19 години и придадовме на нашата земја дела и услуги коишто не би можеле да ги наброиме и раскажеме со часови и со денови.“

„Зајакнувајќи ја нашата гранична безбедност веќе го срушивме терористичкиот коридор со кој се имаше за цел да се опколи нашиот јужен дел.“ - истакна Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган појасни дека по бранот со политички, социјални и економски напади на коишто беше подложена Турција, Таа беше подложена и на испити како што беа епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и природни катастрофи како што беа пожари и поплави, но подвлече дека успеа да се справи и да ги преброди сите нив.



Слични вести