Порака од претседателот Ердоган по повод 102. годишнина од Конгресот во Сивас

Претседателот Ердоган истакна дека на Конгресот во Сивас беа донесени значајни одлуки кога му беше прогласено на светот дека никако нема да се откажеме од наша независност, од нашето знаме и од нашата татковина

1702443
Порака од претседателот Ердоган по повод 102. годишнина од Конгресот во Сивас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 102. годишнина од Конгресот во Сивас (4 септември 1919-11 септември 1919) во која истакна дека и покрај сите неможности, предизвици и тешкотии турскиот народ со волјата и еланот што ги покажа на Конгресот во Сивас успеа да го зачува своето единство и заедништво, така што својата Борба за независност ја заврши со победа.

Велејќи дека Конгресот во Сивас на кој беа донесени значајни одлуки кога му беше прогласено на светот дека никако нема да се откажеме од наша независност, од нашето знаме и од нашата татковина, претставува историска пресвртница за турскиот народ.

„И покрај сите неможности, предизвици и тешкотии турскиот народ со волјата и еланот што ги покажа на Конгресот во Сивас успеа да го зачува своето единство и заедништво, така што својата Борба за независност ја заврши со победа. И ние денеска секој наш чекор го фрламе свесни за нашата приврзаност кон донесените одлуки на Конгресот во Сивас кои ги сочинуваат темелите на Република Турција.“ - констатира Ердоган.

Појаснувајќи дека работат со елан без никако да се остапи од економската и политичката независност на турскиот народ чија историја е исполнета со славни победи, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавената порака објавена по повод одбележувањето на годишнината од овој значаен историски настан го подвлече следното:

„Држејќи ја волјата на нашиот честит народ пред сѐ, застанувајќи во одбрана на секоја педа од татковинските територии во нашите национални граници и за остварување на нашите цели за 2023 година и нашите визии за 2053 и 2071 година, со сигурни чекори го продолжуваме нашиот марш за голема и силна Турција. На 102. годишнина од Конгресот во Сивас со почит и благодарност се сеќавам на сите наши јунаци на чело со (основоположникот на Турција Гази Мустафа Кемал. Од сѐ срце, со моите најискрени чувства ги поздравувам граѓаните на Сивас кои беа домаѓини на Конгресот и сите мои граѓани.“

 



Слични вести