Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот

1701820
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Продолжуваме да одговараме неколкукратно на нападите на терористите врз подрачјето на операцијата Извор на мирот. Нашите јуначки командоси кои го спречија обидот за напад на терористите на ПКК/ЈПГ, неутрализираа 5 терористи.“

Од друга страна, во реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) се неутрализирани тројца терористи на ПКК/КЏК кои делувале како одговорни лица во областите Гара, Кандил и Санџар во северниот дел на Ирак.



Слични вести