Во северниот дел на Сирија се неутрализирани најмалку 9 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани најмалку 9 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот

1701388
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани најмалку 9 терористи

Терористичките позиции од чија страна беше отворен оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија беа погодени со сто процентна прецизност при што се неутрализирани 9 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „На терористите кои отворија оган од југ врз подрачјето на операцијата Извор на мирот им е одговорено ефикасно со нашите артилериски орудија. Терористичките позиции од чија страна беше отворен оган се погодени со сто процентна прецизност. Според првични информации се неутрализирани најмалку 9 терористи на ПКК/ЈПГ.“

 



Слични вести