Турската крајбрежна стража во близина на Кушадаси и Дидим спаси 144 нерегуларни мигранти

Турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на населените места Кушадаси и Дидим спаси 144 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

1701297
Турската крајбрежна стража во близина на Кушадаси и Дидим спаси 144 нерегуларни мигранти

Турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на населените места Кушадаси и Дидим кај градот Ајдин спаси 144 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Во различни временски интервали пристигнаа информации дека група нерегуларни мигранти качени на гумен чамец и сплав на отворено море во близина на Кушадаси и Дидим побарале помош по што на дадените координати биле испратени екипи на Командата на крајбрежната стража. 

Притоа беа спасени и извадени на копно 144 нерегуларни мигранти.

Нерегуларните мигранти за кои е дознаено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води, беа испратени во Дирекцијата на градската управа за миграција во Ајдин.

 



Слични вести