Чавушоглу во Белград се состана со турските одбојкарки кои се пласираа во полуфиналето на ЕП 2021

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Србија, Белград се состана со турските одбојкарки кои се пласираа во полуфиналето на ЕП 2021

1701147
Чавушоглу во Белград се состана со турските одбојкарки кои се пласираа во полуфиналето на ЕП 2021

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Србија, Белград кадешто отпатува во дводневна официјална посета се состана на вечера и со турските одбојкарки кои се пласираа во полуфиналето на Европското првенство 2021.

Чавушоглу во оваа пригода истакна дека турскиот народ се гордее со турските одбојкарки.

Велејќи дека турските одбојкарки не можеа да  освојат медал на Олимписките игри Токио 2020, но ја израдуваа целата земја и станаа гордост за сите, Чавушоглу истакна дека турските одбојкарки "Султанките на мрежата" овозможија Турција да ја засака одбојката.

Тој рече: "Тренерот е супер, екипата супер. Нели велат екипен дух, јас не видов никаде на друго место ваков убав екипен дух."

Појаснувајќи дека последниот сет на четвртфиналниот меч со Полска беше воодушевувачки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: "Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе се пласирате во финалето. И ако се пласирате во финалето ќе се потрудам да дојдам, но нашите работи се неизвесни. Ние ве сакаме, се гордееме со вас. И нашата амбасада е во ваша услуга, наредба."

Чавушоглу и турските одбојкарки репрезентативки воедно го славеа и роденденот на одбојкарката Ханде Баладин.

 



Слични вести