Чавушоглу: Авганистанците кои ќе бидат евакуирани не е можно да останат одредено време во нашата земја

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Авганистанците кои ќе бидат евакуирани не е можно да останат одредено време во Турција

1701620
Чавушоглу: Авганистанците кои ќе бидат евакуирани не е можно да останат одредено време во нашата земја

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со холандската министерка за надворшени работи Сигрид Кааг која престојува во работна посета на Турција.

По средбата лице в лице, двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Кааг одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу во оваа пригода го истакна следното: „Авганистанците кои ќе бидат евакуирани од страна на било која друга земја не е можно да останат одредено време во нашата земја. Уште од почетокот велиме дека доколку и би пристигнало одредено такво барање нема да го прифатиме.“

Осврнувајќи се на прашањето со оперирањето со аеродромот во Кабул во Авганистан, Чавушоглу рече: „Чекорите коишто ќе бидат фрлени треба да се координираат сите заедно. Тоа не е прашање коешто би го презеле сами Турција или Катар. Решението би можело да биде во два фази, едната за воените летови. Со решавање на проблемот на пистите би можело да биде отворен за евакуација на воените авиони. На тој начин би можела да се тестира состојбата на аеродромот. Кои ќе ја преземат одговорноста? И од Талибан и од некои земји има барања за соработка со нас. Ги разгледуваме нив.“

Мевлут Чавушоглу нагласи дека на аеродромот треба да се воспостави безбедноста на начин со што ќе бидат безбедни сите и го рече следното: „Тоа го доставивме до Талибан. Треба да се воспостави безбедноста особено внатре во аеродромот. По ова прашање има и професионални фирми. Овде треба да бидат преземени мерките по прашањето на реализирање на работите како што се скенирањето, контролата на багажот, поминувањето на луѓето низ безбедносни уреди, на начин на којшто ќе има доверба секој.“

По прашањето на бегалскиот договор меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) од 2016 година, на поставеното прашање „Има разговори меѓу Брисел и Анкара. Има нов предлог од 3 милијарди евра. Дали Турција е заинтересирана за овој предлог?“, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговори со зборовите: „Доколку по прашањето на Авганистанците се појави состојба од видот 'ние даваме пари, задржете ги Авганистанците да не доаѓаат', тоа нема да е соработка. Треба да го ажурираме договорот на начин што ќе бидат опфатени бројни прашања, вклучувајќи го и безбедното испраќање на Сиријците во нивната земја.“

Чавушоглу го подвлече и следното: „Европската унија (ЕУ) треба да се откаже од сфаќањето дека на крај тоа е социјален и политички проблем, можеме да ја решиме оваа работа со едноставни формули.“

 



Слични вести