Во близина на Измир се спасени 166 мигранти кои биле турнати од страна на грчките елементи

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на Сеферихисар, Дикили и Чешме кај градот Измир спасија вкупно 166 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати назад кон турските територијални води

1700636
Во близина на Измир се спасени 166 мигранти кои биле турнати од страна на грчките елементи

Во близина на населените места Сеферихисар, Дикили и Чешме кај градот Измир од морето се спасени 166 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на населеното место Сеферихисар се забележани нерегуларни мигранти качени на гумен чамец и сплав на утврденото место беа испратени екипи на крајбрежната стража.

Притоа беа спасени 53 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

На отворено море во близина на населеното место Дикили исто така од страна на  екипите на турската крајбрежна стража беа спасени 41 нелегален мигрант како и уште 36 нерегуларни мигранти кои побарале помош поради дефект на нивниот гумен чамец.

Во близина на населеното место Чешме пак, се спасени и извадени на копно 36 нерегуларни мигранти за кои е утврдено дека  од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените вкупно 166 нерегуларни мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на градската управа за миграција во Измир.



Слични вести