Претседателот Ердоган: Никој не може да ја спречи изградбата на голема и силна Турција

Претседателот Ердоган истакна дека цо Аллахова дозвола никој не ќе може да ја спречи изградбата на голема и силна Турција која стана симбол на 2023 година, 100 годишнината од нашата Република

1700416
Претседателот Ердоган: Никој не може да ја спречи изградбата на голема и силна Турција

Претседателот Реџеп Тајјип учествуваше на церемонијата на дипломирање и примопредавање на знамето на Военото поморско и воздухопловно училиште на Универзитетот за национална одбрана во Истанбул.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган истакна дека никој не може да ја спречи изградбата на голема и силна Турција.

Тој рече: „Нашите Турски вооружени сили (ТВС) со нивните успеси со нова взија коишто ја опфааќаат и промената во моделот на образование, се дојдени во положба да се следат со ценење на глобално ниво.“

Ердоган напомена дека благодарение на контактите коишто ги воспоставува со целокупната источна и западна цивилизација Турција постојано се развива и усовршува себе сѝ, со што е во на човештвото.

Велејќи „Чекор по чекор напредуваме за голема и силна Турција“, претседателот Ердоган го рече следното: „Едната од најкритичните фази на овој процес е нашата воена моќ којашто ја формиравме согласно потребите на времето. Рековме дека не може да се формира силен одбранбен механизам со дарување на другите и одлучивме самите да си ја пресечеме нашата папочна врвца. Дали веќе имаме беспилотни летала (ИХА), наоружани беспилотни летала (СИХА), офанзивни беспилотни летала АКИНЏИ ТИХА? Ги имаме сите.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Причината поради која се напаѓаат спокојството на нашата земја, единството на нашиот народ, силата и угледот на нашата држава, се пресметките Турција повторно да се турне надвор од игра. На оние кои не го разбираат 15 јули (обидот за пуч) конечната порака ќе им ја дадеме во 2023 година. Со Аллахова дозвола никој не ќе може да ја спречи изградбата на голема и силна Турција која стана симбол на 2023 година, 100 годишнината од нашата Република. Дојдени сме во положба на земја која од тенкови до топови, од ракети до радари, од бомби до пушки и во уште многу други индустриски производи може да произведува многу подобри производи од нивните еквивалентни во светот. Целиот свет говори за успесите коишто ги постигнаа наоружаните беспилотни летала (СИХА) коишто ги произведуваме и тоа покрај нашата борба против тероризмот и на бојните полиња од Сирија до Карабах.“

 



Слични вести