Калин се состана со Мартин Грифитс, заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања

На средбата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара беше разговарано за хуманитарната состојба и прашања посветени на хуманитарната помош во Авганистан и Сирија

1700952
Калин се состана со Мартин Грифитс, заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се состана со заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.

На средбата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара беше разговарано за хуманитарната состојба и прашања посветени на хуманитарната помош во Авганистан и Сирија.  

Притоа беше нагласено значењето од воспоставување на стабилноста и процесот на мирољубив премин за да не дојде до влошување на хуманитарната состојба во Авганистан.  Беше изнесено задоволството од одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) со која е обезбедено продолжување на доставувањето на хуманитарна помош на Сирија.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција не може да поднесе нов бегалски бран и нагласи дека меѓународната заедница на одлучен начин треба да презеде одговорност.

На средбата воедно беше истакнато дека е од животно значење да се постигне политичко решение за ставање крај на присутната хуманитарна криза во Сирија.



Слични вести