Акар: Турската војска ја исполни својата задача во Авганистан како што им доликува на нејзините предци

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа овде истакна дека турската војска Мехметчик ја исполни својата задача во Авганистан онака како што им доликува на нејзините предци

1700816
Акар: Турската војска ја исполни својата задача во Авганистан како што им доликува на нејзините предци

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на церемонијата што се одржа во Командата на главната воздухопловна база во Кајсери, а по повод враќањето во Турција на војниците на задача во Комнандата на турските сили на задача во Авганистан.

Акар во говорот што го одржа овде истакна дека турската војска Мехметчик ја изврши свиојата задача во Авганистан онака како што им доликува на нејзините предци.

Велејќи дека турската војска Мехметчик надвор од борбени задачи им доставуваше поддршка на Авганистанците за помош во образованието, Акар појасни дека од 2002 година во Авганистан беа на задача приближно 20 илјади турски војници и цивилен персонал.

Министерот Акар истакна дека откако Талибан ја презеде контролата во главниот град Кабул и по одлуката на НАТО за напуштање на Авганистан дојде до нагло брза промена на условите од она што се очекуваше и тоа ја наложи потребата Турција да ја преразгледа својата мисија. 

Акар напомена дека со донесување на брзи и ефикасни одлуки персоналот и турските војници беа евакуирани за покусо време од 48 часа и го рече следното: „И покрај големата прометност, гужвата и затегнатоста на аеродромот во Кабул евакуацијата беше успешно реализирана и тоа ја покажа силата на Турските вооружени сили. Турската војска Мехметчик ја исполни својата задача во Авганистан онака како што им доликува на нејзините предци и се врати во земјата. Ние како Турција ќе ги следиме случувањата во регионот и во иднина.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар воедно им се заблагодари и на НАТО сојузниците, на Пакистан и на Таџикистан за доставената поддршка на персоналот во текот на процесот на евакуација.   

Инаку, Талибан кој го зеде под опсада главниот град Кабул, откако претседателот на Авганистан Ешреф Гани ја напушти земјата, без судир ја воспостави контролата во главниот град и земјите кои имаа свои војници и граѓани во Авганистан ги започнаа евакуациите од оваа земја.

 



Слични вести