Во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да реализираат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот

1700209
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да реализираат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека турските командоси продолжуваат ефикасно да им одговараат на терористите во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели дека командосите кои вчера во подрачјето неутрализираа 7 терористи на ПКК/ЈПГ денеска неутрализираа уште четворица терористи кои се обиделе да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.

 



Слични вести