Ирачкиот министер за одбрана Џума Инад: Сакаме да купиме од Турција Бајрактар ТБ2, хеликоптер Т129 АТАК и други оружја

Ирачкиот министер за одбрана Џума Инад рече: „Од Турција посакавме понуда и договор за да купиме наоружано беспилотно летало Бајрактар ТБ2, 12 хеликоптери Т129 АТАК и 6 системи за одбрана против беспилотни летала“

1700032
Ирачкиот министер за одбрана Џума Инад: Сакаме да купиме од Турција Бајрактар ТБ2, хеликоптер Т129 АТАК и други оружја

Ирачкиот министер за одбрана Џума Инад во дадената изјава за еден локален телевизиски канал истакна дека сакаат да купат од Турција наоружано беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“, хеликоптер Т129 АТАК и други развиени оружја.

Инад рече: „Од Турција посакавме понуда и договор за да купиме наоружано беспилотно летало Бајрактар ТБ2, 12 хеликоптери Т129 АТАК и 6 системи за одбрана против беспилотни летала. Постигнавме согласност по прашањето на купување на наоружано беспилотно летало (СИХА) Бајрактар.“

Велејќи „Наоружаните беспилотни летала на (СИХА) на Турција Бајрактар се многу развиени и постигнаа голем успех“, ирачкиот министер за одбрана Џума Инад рече: „Поради тоа што располагаат со капацитет за летање и ноќе тие ќе бидат корисни во нашата борба против тероризмот на ДЕАШ. Ирачката армија не располага со таа технологија.“

Инаку. ирачкиот министер за одбрана учествуваше и на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ'21) што се одржа на 19 август во Истанбул и во оваа пригода оствари средба и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести