Интервју на Чавушоглу за српски Политика: Во Авганистан веќе постои нова реалност

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред посетата на Србија даде интервју за српскиот весник „Политика“

1700312
Интервју на Чавушоглу за српски Политика: Во Авганистан веќе постои нова реалност

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред посетата на Србија денеска и утре, даде интервју за српскиот весник „Политика“ кадешто меѓу другото се осврна и на доаѓањето на Талибан на власт во Авганистан. 

Чавушоглу истакна дека меѓународната заедница треба да делува во единство и солидарност по прашањето на Авганистан.

Тој рече: „Во Авганистан веќе постои една нова реалност. Меѓутоа сега во Авганистан треба да се фокусираме на воспоставувањето на мирот, спокојството и стабилноста. Првенствено за одбрана на животната и имотната безбедност на народот не треба да се дозволи празнина во авторитетот. Во тие рамки, изразуваме желба да се формира инклузивна управа во која сите Авганистанци ќе се чувствуваат себе си дека и припаѓаат на оваа управа. Делувањето со инклузивно сфаќање извлекувајќи лекција од грешките во минатото, ќе обезбеди придонес за воспоставување на одржливиот мир во Авганистан.“

Нагласувајќи дека терористичките групи пред се Ал Каеда и ДЕАШ не треба да најдат повторно засолниште во Авганистан, Чавушоглу рече дека во тој контекст е значајно исполнувањето на претходно дадените ветувања од страна на Талибан. 

Тој истакна дека зголемувањето на бројот на терористичките групи во Авганистан ќе има сериозни селектирања и за регионалната стабилност.

„Средината на недоверба може да поттикне нов бегалски бран. Така да меѓународната заедница по прашањето на Авганистан треба да делува во единство и солидарност. Половината од населението има потреба од хуманитарна помош. Меѓународната заедница треба да ги зголеми своите напори за помош и поддршка.“

Подвлекувајќи дека Турција е спремна да придонесе за формирање на инклузивна Влада во Авганистан и воспоставување на мирот и спокојството во земјата, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Со овие размислувања се предвидува нашата амбасада во Кабул да ги продолжи своите активности. Освен тоа во правец на барањата на Талибан водиме разговори за давање техничка поддршка за да би можел да остане отворен аеродримот во Кабул.“

 



Слични вести