Турција слави 99 години од извојуваната голема победа на 30 август 1922 година

На денешен ден, на 30 август 1922 година со паролата „Независност или смрт“ народноослободителната борба беше крунисана со победа над непријателите

1699461
Турција слави 99 години од извојуваната голема победа на 30 август 1922 година
30 ağustos foto.jpg

Денеска се одбележуваат 99 години од извојуваната голема победа на 30 август 1922 година.

На денешен ден, пред точно 99 години, со паролата „Независност или смрт“ народноослободителната борба беше крунисана со победа над непријателите.

Големата победа којашто беше извојувана на чело со големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк го запиша со златни букви своето име во историјата.

По повод одбележувањето на 99-годишнината од 30 август Празникот на победата овој значаен ден се одбележува со големи прослави и церемонии низ цела Турција.

Прва адреса на прославите како и секогаш е мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и државниот врв во негова придружба учествуваа на церемонијата што се одржи во „Аниткабир“.

Ердоган постави венец на гробот на Ататурк, по што му беше оддадена почит на големиот лидер и беше испеана националната химна.

Државниот врв на чело со претседателот Ердоган потоа премина во Кулата Мисак-и Милли (Кулата на националните сили).

Овде претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата на „Аниткабир“ кадешто меѓу другото го напиша следното: „Честит Ататурк, уште еднаш сме пред вас на 99-годишнината од Големата победа, едната од златните алки на патот што водеше до независноста. На овој историски ден се сеќаваме со милост на вашето височество и на нашите честити шехиди. ја водиме Турција кон светла иднина во правец на целите коишто ги зацртавте вие пред нас. Со чекорите коишто ги фрламе во одбранбената индустрија уште повеќе ја зголемуваме силата на одвраќање на Турските вооружени сили (ТВС), зеницата во нашето око, во секоја сфера. Со реформите коишто ги ставаме во примена во демократијата, правдата, правата и слободите, ја зацврстуваме врската помеѓу народот и нашата Република. Вашинот аманет, Република Турција, се наоѓа во сигурни раце. Почивај во мир.“

На официјалната церемонија во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ учествуваат и лидерите на политчките партии, министри, воениот врв на чело со командантите на родовите, голем број пратеници и други високи функционери, а потоа мавзолејот беше отворен за посета на граѓаните.

По церемонијата во „Аниткабир“, претседателот Ердоган во својство на Врховен командант ги прими честитките во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара.

Освен тоа по повод одбележувањето на 99-годишнината од 30 август Празникот на победата во Анкара се одржа и официјална парада којашто започна пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и  заврши пред зградата на Првото Основачко Собрание во квартот Улус.

Во рамките на прославите на 99-годишнината од 30 август Празникот на победата беше одржаната церемонија и пред Споменикот на Републиката на плоштадот Таксим во Истанбул.

Притоа на Споменикот на Републиката редум беа поставени венци од страна на валијата на Истанбул, Командата на Првата армија и локалната самоуправа на Истанбул.

 

 



Слични вести